Државата и вчера продаде земја. Овој пат намената е за изградба на станбени згради со деловен простор во скопската општина Аеродром. За парцелата од 2.996 квадратни метри, за која почетна цена за квадрат изнесуваше 4.600 денари, најмногу понуди „ЕН-СА-ИНГ“ ДОО увоз-извоз од Скопје. Компанијата, во која има турски капитал, ќе треба да искешира вкупно 55.426.000 денари за парцелата, или малку над 900 илјади евра, односно за еден квадрат таа понуди 18.500 денари, или 300 евра. Преку скопската фирма, всушност, пробив во македонскиот пазар ќе направи „Туркет“, турска транспортна компанија, за која ова ќе значи влез во државава на пазарот на градежништво дури во вториот обид. На Турците за влакно им избега земјиштето спроти Соборниот храм во Скопје, кое неодамна се продаде по цена од дури 3.000 евра за квадратен метар.
Државата и вчера продаде земја. Овој пат намената е за изградба на станбени згради со деловен простор во скопската општина Аеродром.
За парцелата од 2.996 квадратни метри, за која почетна цена за квадрат изнесуваше 4.600 денари, најмногу понуди „ЕН-СА-ИНГ“ ДОО увоз-извоз од Скопје. Компанијата, во која има турски капитал, ќе треба да искешира вкупно 55.426.000 денари за парцелата, или малку над 900 илјади евра, односно за еден квадрат таа понуди 18.500 денари, или 300 евра.
Преку скопската фирма, всушност, пробив во македонскиот пазар ќе направи „Туркет“, турска транспортна компанија, за која ова ќе значи влез во државава на пазарот на градежништво дури во вториот обид. На Турците за влакно им избега земјиштето спроти Соборниот храм во Скопје, кое неодамна се продаде по цена од дури 3.000 евра за квадратен метар.